Спортското навивање ги прави луѓето среќни

Истражувањето на Универзитетот „Нотингем Трент“ покажа дека чувството на припадност кон родното место, кон фудбалски клуб или кон некоја друга група ги прави луѓето среќни.
Во истражувањето се наведува дека идентификувањето со некоја од групите ја засилува самодовербата и дава чувство на сигурност и поддршка во тешките времиња.
Истражувањето со кое биле опфатени околу четири илјади Европејци, открива дека испитаниците по правило се поврзани со семејството, локалната заедница, спортскиот клуб или некоја од хоби групата.
При тоа е утвредна јасна врска меѓу припаднсота кон нкоја група и чувството на среќа и задоволство. Нивото на задоволство расте за девет отсто со вклучување во секоја нова група со која учесниците се идентификувале. Истражувачите наведуваат и дека тоа е посебно важно во време на социјалните и личните кризи.
Тие заклучиле дека лекарите би требало да ги охрабруваат пациентите да се придружуваат на групи или да минуваат повеќе време во оние во кои веќе припаѓаат.
Сепак, тие нагласуваат дека членувањето не е исто што и идентификувањето, затоа што клучот на среќата е чувството на припадност. Тоа воедно е и причина зошто навивачите на спортските клубови делуваат весело и збеснато.
Ново на Сител
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
