Спречен македонски државјанин да изнесе 105 илјади евра од државата
На граничниот премин Ќафасан, Царината спречи обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра.
Царинската управа информира дека вчера за излез од државата се пријавил автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин Е.А. (38). На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените 2 илјади евра, а во рачната торба која ја носел преку рамо уште 105 илјади евра за кои лицето не поседувало никаков документ.
Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра, па според тоа, толкав износ му е вратен, додека 105 илјади евра се одземени.
Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024