-->
-->
Спречен шумски пожар кај Отовица, на автопатот Велес - Скопје
-->
Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“. Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес - Скопје.
Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев денеска за МИА изјави дека на помош на 13-те велешки пожарникари, кои гаснеле со четири противпожарни возила им се придружила и полициска екипа од СВР Велес, која исто така активно се вклучила во гаснење на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024