Спречен шверц на тон марихуана во Македонија
Со комби возило (фургон) денеска претпладне од албанска на македонска територија требало да бидат прошверцувани илјада килограми мархуана, јавија албанските медиуми.
Возилото било запрено во близина на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, а во акцијата, освен полициски службеници од Полицискиот комесаријат од Елбасан, биле вклучени и припадници на Единицата за брзи интервенци.
Комби возилото за транспорт на стока, со албански регистерски ознаки АА 356 NA, припаѓа на познат бизнисмен од градот Фиер, сопственик на конфекциски погон.
-Неколкумесечната истрага се очекува да резултира со спектакуларни апсења во подрачјето на Фиер и Елбасан, а не се отрфла можноста и на лица од другата страна на границата, поради основи на сомненија за вмешаност во овој „бизнис“ на лица од Македонија, пишуваат албанските медуми.
Во денешната претпладневна полициска акција беа уапсени три лица кои биле во комби возилото, но во интерес на истрагата полицијата не го соопшти нивниот идентитет.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници