Македонија
17. January 2018 - 12:39

Спречена група мигранти нелегално да влезе во Македонија

Група мигранти од Сирија, Иран и Сомалија вчераутро се обиделе илегално од Србија да влезат во Македонија на околу 300 метри до граничната линија во близина на Ашански пат, во што биле спречени од полицијата од Полициската станица во Сопот.

Како што соопшти МВР, се работи за едно лице од Сомалија, четири лица од Иран и шест лица од Сирија, кои што изјавиле дека одредено време престојувале во Република Србија.

Лицата се донесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.