Балкан
14. November 2021 - 13:54

Србија: Бегал од полиција, па се превртел со своето комбе - двајца загинати, а 20 лица се повредени

Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 23 часот во Пирот загинаа две лица, а 20 се повредени откако се преврте комбе.

Полицијата го уапсила Д.М. (1982) од Белград, поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај и криумчарење луѓе.

Во полицискоот соопштение се наведува дека комбето со цел да избегне полициска контрола, со неприлагодена брзина удрило во столб и се превртело.

Во комбето се наоѓале 22 лица за кои било утврдено дека биле мигранти. Почина две лица, а четири се тешко повредени. Меѓу вкупниот број 20 повредени, најголем дел се малолетни лица.