-->
-->
Србија без Јокиќ на Евробаскетот ?
-->
Репрезентативецот на Србија и играч на НБА екипата Денвер, Никола Јокиќ е можно да не настапи на претстојното Европско првенство во кошарка. Ова го изјави неговиот менаџер Миодраг Ражњатовиќ и дека тој во текот на летниот период ќе треба да работи индивидуално на својот напредок за следната сезона.
- Во Денвер сметаат дека Јокиќ мора да подобри некои работи во својата игра како би придонел екипата да се пласира во плеј офот, од причина што стана важен играч за тимот. Тука пред се се мисли на физичката подготовка, која му недостасува. Но, тој сака да игра за репрезентацијата и ќе видиме што ќе се случи откако ќе мора да разговара најпрвин и со клубот, како би добил „зелено светло“ за настап во репрезентацијата, изјави Ражњатовиќ.
Јокиќ претходното лето настапи во квалификациите за Олимписките игри во Рио за селекцијата на Србија и на Игрите во Рио, каде неговата репрезентација го освои сребрениот медал.
Оваа сезона во дресот на Денвер имаше просек од 16,7 поени, 9,т скокови и 4,9 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници