Србија до 2027 година ќе биде подготвена за полноправна членка на ЕУ, тврди српскиот министер за надворешни работи
Српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ во изјава за италијанската агенција Нова вели дека државата ќе биде подготвена да стане полноправна членка на Европската унија до 2027 година, пренесе Бета.
– Нашето стратешко позиционирање и патот по кој чекориме е полноправно членство во Европската Унија. До 2027 година Србија ќе ги заврши сите суштински политички, институционални, економски и правни реформи. И таа ќе биде подготвена да стане дел од европското семејство – изјави Ѓуриќ
Тој, сепак, предупреди дека полноправното членство подразбира и „целосен и еднаков пристап до изборните права и процесите на донесување одлуки“, како и споделени должности и одговорности.
– Со други зборови, ние не сакаме да бидеме европски Порторико – додаде Ѓуриќ во интервјуто објавено денеска.
Ѓуриќ рече и дека Србија внимателно ги следела резултатите од изборите во ЕУ и дека новиот состав на Европскиот парламент „секако е можност да се изгради нова мрежа на пријатели“.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави