Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан што не ги почитувала трите нови надворешнополитички одлуки на Советот на ЕУ во однос на Украина и Северна Кореја, пренесе Бета.
Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, Србија не ја почитувала одлуката усвоена од Советот на ЕУ од 31 мај за рестриктивни мерки против поединци и субјекти од Северна Кореја како и одлуката за рестриктивни мерки поради анексијата на Крим и Севастопол, и одлуката од 24 јуни за рестриктивни мерки поради активностите на Русија за дестабилизирање на ситуацијата во Украина.
Со трите нови одлуки на Советот на ЕУ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, освен Србија – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – се усогласија, со што ќе се осигура дека нивните национални политики се усогласени со неа, а ЕУ ја забележува оваа заложба и ја поздравува, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
