Балкан
30. December 2015 - 16:41

Србија го дочека првиот геј бакнеж во српскиот парламент!

Геј активистот Бобан Стојановиќ објавил фотографија на својот Фејсбук профил со првиот геј бакнеж во српскиот парламент, а актери се тој и неговиот партнер Адам Пушкар.
 
Фотографијата е сликана пред повеќе од една година, 23 септември 2014 година, но сега е за прв пат објавена како роденденска честитка за Адам.
 
- Љубовта е закон - кратко и низ смеење Бобан ја искоментирал фотографијата од геј бакнежот во српскиот парламент.
 
- Беше тоа една недела пред минатата парада, после заедничката седница на одборот за човечки права, рамноправност на половите и европска интеграција. Во еден момент се најдовме сами и на шала се бакнавме а наша пријателка не сликаше - вели Стојановиќ.
 
Иако на седницата присуствувале голем број на делегати, па и неколку министри, никој од нив не видел што се случило.
 
- Не мислам дека ова е некаква провокација, но не ме интересира ни какви коментари ќе има околу фотографијата - додал Стојановиќ.