Србија и упати нота на Хрватска, откажани службени посети на Загреб

– Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград.
Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција. Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац, соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.
-Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени, кажа министерот Селаковиќ. Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.
-Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“ објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави“.
Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна. Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе и се обрати на јавноста.
Ново на Сител
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
