Србија идната недела ќе воведе ПЦР тестови на границите или карантин, а се размислува и за вонредна состојба
Србија, поради сложената епидемиолошка состојба со коронавирусот, според членовите на Кризниот штаб, епидемиолозите Предраг Кон и Бранислав Тиодоровиќ, ќе воведе ПЦР тестови на границите или карантин, а се размислува и за ограничување на движењето, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој посочи дека секако ќе мора да се воведат мерки за српските државјани кои доаѓаат во земјата од странство, и тоа мерки како што се оние што се во сила во тие земји.
-Негативен т ПЦР тест не постар од 48 часа, а оние кои го немаат, ќе мораат во карантин 10 дена. Најбезбедно е да се примени она што веќе се применува во Европа. Ќе има зелени листи, кои ќе вклучуваат некои земји како што е Финска, која е најдобра, Естонија, изјави Тиодоровиќ за РТС.
Забележувајќи дека „не ни треба лажен популизам“, Тиодоровиќ посочи дека ако вака продолжи, Кризниот штаб ќе мора да размисли за воведување на вонредна состојба и полициски час, за да ја постигне целта и подобро да влезе во престојните празници.
Паралелно и епидемиологот Предраг Кон изјави дека во понеделник Кризниот штаб сигурно ќе одлучи за продолжување на мерките што веќе постојат, но и за евентуално воведување нови, сè до тоа дека ќе се разгледа ограничувањето на движењето за Нова година.
-Со тоа што е разрешено дали ќе има нови мерки на границите – да, ќе има, сега е само техничко прашање како ќе бидат спроведени. Така што тоа е решено, кажа тој и додаде дека во Србија ќе може да се влезе само со ПЦР тест или самоизолација – домашен карантин.
Според него, големото прашање е дали е можно да се контролираат приватните новогодишни прослави и „затоа мора да се размислува за ограничување на движењето“. Кон вели дека одговорните бараат рамнотежа за мерките, но дека очигледно не нашле доволно начини како да ги убедат луѓето да размислуваат поинаку.
-Ова е време на херојство на медицинскиот сектор. Постои паралелен живот – во едениот е воена состојба, а има и такви кои бегаат од тоа, кои по секоја цена сакаат да живеат нормален живот. И тука треба да се најде рамнотежата, објасни Кон.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот