Балкан
8. August 2021 - 13:55

Србија испраќа во Грција 37 пожарникари со 13 возила и три хеликоптери

– Министерството за внатрешни работи на Србија во текот на денот во Грција ќе испрати 37 припадници на Секторот за вонредни состојби со 13 противпожарни возила, додека во понеделник во акцијата за гаснење пожар од воздух ќе бидат ангажирани 14 припадници на хеликоптерската единица со три хеликоптери, јави дописникот на МИА од Белград.

  -Според последните информации, во Грција се активни десетици шумски пожари, од кои шест се сериозни, на островите Родос, Кос и Евија, како и во Месинија, источен Мани (Пелопонез) и Варимпоми (во регионот Атика), соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека во Грција како помош ќе бидат испратени два хеликоптери „Бел 212“ и еден „Х-145“. Помошта во форма на ангажман на припадниците и возилата на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни состојби на МВР се реализира по наредба на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а во договор со Министерството за Цивилна заштита на Грција.