Србија ќе воведува дуално образование
Владата на Република Србија на денешната седница го усвои нацрт-законот за дуално образование. Со овој закон ќе се овозможи поефикасно образование, а на младите луѓе ќе им овозможи вработување веднаш по средното образование, соопшти владината Канцеларија за соработка со медиумите.
Предлог-законот има за цел прилагодување на потребите на стручното образование со економијата, намалување на невработеноста кај младите до 25 години и зајакнување на конкурентноста на српската економија на регионално и на глобално ниво.
Владата на Република Србија ги усвои и нацрт-измените на законите за предучилишно, основно и средно образование.
Со нив се редефинира времето поминато во училиштата, со што се гради една поинаква слика на училиштата како места за учење и развој на учениците, но, исто така, се ослободува и простор за воннаставните активности кои претходно биле запоставени.
Се прошируваат можностите и за образовниот туризам.
Училиштата и специјализираните установи за деца и студенти кои имаат соодветни услови можат да станат центри за настава во природата, со што ќе се поевтини цената на таквите активности, но, исто така, ќе се помогне и во развојот на локално ниво.
Се воведува и нов концепт на државната матура, која треба да го подобри квалитетот на средното образование и да обезбеди квалитет на студентите за следниве нивоа на образование.
Ново на Сител
-
Директорот на Геријатрила барал 100.000 евра мито, предложил пациентот да продаде стан за да дојде до бараната сума
-
Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“
-
Во зелениот картон ставил 5 евра, упасен грчки државјанин на Табановце
-
Министерката Божиновска учествува на ESG Adria Summit 2025 во Тиват
-
Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски
-
Министерката Димитриеска-Кочоска на 10. Економски форум во Делфи
-
Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија со акции на најниско ниво
-
Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите