Балкан
27. March 2024 - 16:43

Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка

Србија е втор ден на нозе откако исчезна две годишната Данка. Системот Пронајди ме за првпат е активиран во Србија. Полицијата од утрово го забрани пристапот во Бањско поле кај Бор, се пребарува секое ќоше и од воздух од земја. Српски блиц објави дека родителите на Данка биле сослушани во полиција, а таткото на девојчето наводно  бил ставен на полиграфско испитување. Мајката на девојчето е бремена, таа била со ќерка си непосредно пред исчезнувањето. Полицијата го вештачи и телефонот на мајката. Се испитуваат релациите во семејството и нивните контакти. Се појави и снимка од камера, каде се гледа како во времето кога исчезнало девојчето, автомобил забрзано се движи по улицата. Еден од соседите сведочи дека забележал мало девојче, во двор на куќа која се наоѓа во близина на семејниот дом на Данка.

Теренот каде исчезна малото девојче е доста тежок, брдовито место, со многу канали со вода а во близина има и шума.  Вклучени се и  термалните камери со дрон. Поставени се три пункта, и се легитимира секој кој ќе помине одовде. Направена е и шаховска шема по која се пребарува просторот детално. Потрагата трае повеќе од 24 часа. Вклучени се и голем број доброволци.

Малата Данка Илич исчезна вчера околу 14 часот попладне, додека мајката му давала вода на постарото синче. Кога се завртела девојчето го немало. Веднаш алармирала и тргнала да ја бара сметајќи дека двегодишно девојче не може далеку да стигне сама.