Србија: Продолжуваат протестите за победата на Вучиќ

Во Србија деветти ден по ред се одржуваат протести поради победата на поранешниот српски премиер Александар Вучиќ на претседателските избори во земјата. Синоќа протести се одржаа во Белград, Ниш и Нови Сад.
Демонстрантите го блокираа движењето во градовите. Тие носеа транспаренти на кои се бара промена на политичката елита, да се одржат чесни избори, еднаков пристап до образованието и до државното финансирање за него, здравство за сите, слободни медиуми и за заштита и зголемување на работничките права.
- Народот гласа, а елитата се радува, стоеше на еден од транспарентите на протестите во Белград.
Според податоците на Државната изборна комисија по обработени 96,6 проценти од гласачките ливчиња, во првиот круг од изборите Вучиќ води со 55,02 отсто.
Истовремено, Вучиќ изјави дека победува во осумтте изборни единици, каде имаше прегласување поради константните изборни неправилности.
Поранешниот српски премиер истакна дека пред девет денови на изборите за претседател во земјата тој добил 53,84 проценти, а денеска, кога победата му е оспорувана од луѓето, кои не можат да го прифатат поразот, тој добива во местата каде имаше прегласување 71,66 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
