Србија: РИК ги поништи резултатите од 15 избирачки места

Српската Републичка изборна комисија (РИК) соопшти дека од вкупно 15 избирачки места ги поништила резултатите од парламентарните избори што се одржаа во неделата, на 24 април, пренесе ТАСС.
Резултатите се поништени заради сериозни прекршувања за време на гласањето. Во овие избирачки места повторно ќе се организира гласање, за кое се уште не е утврден датумот.
Жалби за прекршувања на изборниот процес имало од 163 избирачки места. Членовите на РИК треба да донесат одлука дали да има повторување на изборите на уште 148 избирачки места (освен на објавените 15).
Републичката изборна комисија вечерва до 20 часот треба да ги прогласи конечните резултати од неделните избори. Не е исклучено заради поништените резултати и најавата за повторно гласање во повеќе избирачки места РИК да го одложи објавувањето на конечните резултати од изборите.
Врз основа на преброените 98,56 проценти од гласовите, коалицијата „Александар Вучиќ - Србија победува“ победи на изборите со 48,23 проценти освоени гласови.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
