Србија утре излегува на избори

Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета.
Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6.500.165, а ќе се гласа на вкупно 8.273 места. Вкупниот број на гласачи во Белград е 1.613.190 и тие ќе гласаат на 1.198 избирачки места.
Во колективната листа за парламентарните избори има 18 листи со вкупно 2.818 кандидати за пратеници.
Кога станува збор за изборите во Белград, граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи. Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот. Излезноста на изборите во 2022 година беше 58,6 отсто.
Републичката изборна комисија најави интензивна серија прес-конференции за време на изборниот ден, 17 декември – шест закажани обраќања до јавноста.
Првото обраќање е планирано за 8 часот, додека првите податоци за излезноста ќе бидат објавени во 11:05 часот. Покрај тоа, прес-конференции се закажани за 13:05 часот, 15:05 часот, 17:05 часот и 19:05 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
