-->
-->
Србија втор полуфиналист на олимпискиот турнир во кошарка
-->
Кошаркарите на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри, откако попладнево во неизвесен натпревар ја совладаа Австралија по продолжение со 95-90.
Никола Јокиќ со 21 поени беше најефикасен во српските редови, а Богдан Богдановиќ уфрли 17 кошеви во победата на Србија, која во полуфиналето ќе игра против победникот од вечерашниот четвртфинален дуел меѓу САД и Бразил.
Србија со триумфот над Австралија ѝ се приклучи во полуфиналето на актуелниот светски првак Германија, која претходно денеска ја совлада Грција со 76-63.
Противник на Германија во полуфиналето ќе биде поуспешната репрезентација од пресметката меѓу Франција и Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот