Србин измамен во Ресен: Дал 2000 евра за јаболки, па останал и без пари и без роба
Ресенчанец направил тешка измама, откако Србин оштетил за 2000 евра, полицијата работи на случајот. Според информациите на МВР; вчера во 16.30 часот во Полициската станица Ресен, В.Ш.(40) од Лесковац, Република Србија, пријавил дека лицето У.А. од Ресен извршило кривично дело „измама“.
Пријавителот заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со лице од Ресен од кој требало да откупат јаболка. Од Ресен заедно заминале за с.Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во канцеларијата на У.А.
Таму У.А. им побарал 2000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил.
Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
