-->
-->
Србин усмрти дете, па се обеси од тага
-->
Четиригодишниот Небојша И. од Србија настрада во страшна несреќа кога сосед, колега и близок пријател на татко му, го прегазил со возило.Здравко Т. го прегазил малото момче додека трчало по населбата, а по трагедијата се обидел да се самоубие од тага. Секунди го делеле од смрт кога пробал да се обеси, но соседите го спасиле.
Сведоци велат дека детето се обидело да премине улица за да дојде до мајка си, налетал соседот со Голф со голема брзина, го кренал на хауба и усмртил на лице место.
Здравко во возилото влегол пијан и без дозвола, а неможејќи да си прости отишол да се обеси.
Еден од соседите ја ставил мајката во кола со детето, но му немало спас.
Трагедијата го потресе цел регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
