Србинка кандидат за претседател на Косово
„Листа српска“ ќе има свој кандидат за претседател на Косово. Веста во емисијата „Инфо-Бокс“ на радио телевизија Дукаѓини ја соопшти пратеникот од истоимената листа и лидер на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ.
Според него, покрај лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи за функцијата претседател на Косово во трката ќе има една жена од српската заедница.
- Она што можам да потврдам е тоа дека кандидат за претседател ќе биде Винка Радосављевиќ. Таа е од Клин. Не е политичка личност. Таа е жена со голем авторитет кај српската заедница во Косово, додаде Рашиќ.
Винка Радосављевиќ е Началник на Пеќката околија. Таа е дипломиран економист, а пред да дојде на актуелната фуниција била професор во училиште во Водања, кај Клин. За кандидатурата потребно се потписи на 30 пратеници.
Според изборниот законик за избор на шеф на државата потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласови. Претседателот го избира косовскиот парламент.
Врз основа на договорот за формирање на владата оваа функција треба да ја добие Тачи. Премиерот Иса Мустафа, кој е лидер на Демократскиот сојуз на Косово, неколкупати изјави дека договорот ќе се почитува и оти Тачи ќе биде новиот косовски претседател.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен