Кошарка
7. November 2017 - 15:16

Србинот Мајсторовиќ е нов член на МЗТ скопје

 
 
Српскиот интернационалец Ѓорѓе Мајсторовиќ е нововото име во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од клубот, откако денеска беа завршени сите формалности со потпишувањето на договорот, кој е со важност до крајот на сезоната.
 
Станува збор за кошаркар висок 208.цм кој игра на позициите силно-крило и центар, кој треба да биде од помош на останати високи играчи на МЗТ СКопје во борбата под кошевите. 
 
27-годишниот Мајсторовиќ има повеќе од солидно искуство во настапите во АБА лигата. Тој минатата сезона настапуваше за белградски Партизан, а претходно има играно и за екипите на Смедерево, Хелиос и Металац од Ваљево.
 
Новиот член на МЗТ Скопје Аеродром има и настапи за репрезентацијата на Србија и тоа на Универзијадата во Казањ во 2013 и на Медитеранските игри во Мерсин истата година.