Кошарка
2. September 2015 - 8:44

Србиновски го соопшти списокот од 12 играчи за Евробаскетот 2015

Селекторот на македонскта кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски по синоќешниот тренинг ги одреди дванаесетте патници за Евробаскетот 2015. На континенталниот собир нема да настапат младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски.
 
На ЕП кое по првпат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, македонската селекција ја сочинуваат: Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски. 
 
Црвено жолтите натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат во сабота во 18 часот против Грција, следни ривали во групата Ц се  селекциите на Холандија, домаќинот Хрватска, Грузија и Словенија.
 
Македонија утре со авион заминува за Загреб каде ќе се играат натпреварите од Ц групата.
 
Покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерите Перо Блажевски и Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида.