Срцепарателно: Мајка ги оставила своите синови на улица и никогаш не се вратила, нивниот плач го крена селото на нозе

Срцепарателна снимка пред неколку дека го обиколи светот. Луѓето биле шокирани кога на улицата во едно село во Виетнам виделе напуштено бебе во корпа покрај кое седел неговиот постар брат.
Постарото дете (6) неутешно плачење, покрај својот помлад брат кој лежеше завиткан во ќебенце во црвена пластична корпа.
Подоцна се утврдило дека мајката ги напуштила во 5 часот утрината. Им рекла дека треба да оди од карши да наполни бензин и повеќе не се вратила по нив.
Минувачите веднаш повикале полицијата, а тие сега се обидуваат да ги пронајдат родители на овие деца.
Локалниот општински работник вели дека пред црквата е пронајдено двомесечно машко бебе и неговиот постар брат.
-Бебето е однесено во болница и го молиме секој кој има било какви информации за неговите родители, веднаш да повика полицијата. Се надеваме дека донаторите ќе помогнат. Постоеше ризик децата да бидат киднапирани и продадени додека биле на улица, рече тој.
Заменик директорот наодборот за млади вели дека детската заштита ги слушнала децата како плачат под главната капија во селото.
-Едното дете има 6 години и моментално е во состојба на паника. Вели дека мајката ги донесла со мотоцикл и потоа ги оставила на улица, велејќи им дека оди по бензин и повеќе не се вратила, вели тој.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
