Среба Мицкоски - Олумчев
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев.
Претседателот Мицкоски ги соопшти ставовите за името на ВМРО-ДПМНЕ и ставовите во однос на актуелните случувања околу капитуланскиот договор на Зоран Заев.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против таквиот договор со кој се предвидува промена на Уставот со цел промена на уставното име, како и фактот што власта предводена од Зоран Заев воопшто не е подготвена да ги чуе аргументите против носењето на овој договор.
Воедно на средбата беше изразено разбирање за огромната загриженост на граѓаните околу штетниот договор и последиците кој тој ги носи.
На средбата Претседателот Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата во однос на ова прашање, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина