-->
-->
Средба Ахмети - Пломп
-->
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Вилем Воутер Пломп со кого разменија мислења за ситуацијата по изборите на 11-ти декември и за иднината на земјата.
Како што соопшти партијата, Ахмети истакнал дека ДУИ внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат во блиска иднина земајќи ги предвид создадените околности.
- Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста. ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња, стои во соопштението.
Ахмети, се посочува, зборувал и за потребата за подготвување и одобрување на заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии, како и дека ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата