Средба Груевски - Бан Ки Мун во Њујорк

Премиерот Никола Груевски денеска во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, на која било разговарано за активностите на Република Македонија во ОН, соработката во остварувањето на поставените цели, процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција за изнаоѓање заемно прифатливо решение на наметнатиот спор помеѓу двете земји и за предизвиците во врска со мигрантите.
Како што соопшти Владиниот Сектор за односи со јавноста, Груевски истакнал дека Република Македонија во целост ги поддржува поставените цели на Обединетите нации и дава активен придонес во нивната реализација преку проекти на домашно ниво и преку нивна поддршка на мултилатерално ниво.
Груевски го информирал генералниот секретар за реформите кои ги спроведува нашата земја за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, како и за номинацијата на Република Македонија за кандидат за следен генерален секретар на Обединетите нации.
- Во однос на процесот на изнаоѓање решение за наметнатиот спор од Република Грција, премиерот Груевски истакна дека е потребно да се зголеми интензитетот со што би се надминал застојот и што би водело кон поголеми можности за изнаоѓање решение, додавајќи дека Република Македонија посветено и одговорно се однесува кон ова прашање, соопшти Секторот на Владата за односи со јавноста.
Генералниот секретар Бан Ки Мун изразил позитивна оценка за придонесот на Република Македонија во реализацијата на целите на Обединетите нации.
Во однос на предизвиците со мигрантите било истакнато дека е потребен координиран пристап на меѓународната заедница со цел надминување на сите предизвици поврзани со оваа тема.
Двајцата соговорници размениле мислења и околу останати теми кои се значајни за меѓусебната соработка и мултилатералните прашања.
Ново на Сител
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
