Средба Иванов - Чавушоглу
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Република Турција Хакан Чавушоглу.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од политичките односи меѓу двете земји, кои ги карактеризира традиционално пријателство и партнерство и исклучителна динамика на активности во сферите од заеднички интерес, соопшти Кабинетот на претседателот.
На средбата се разговарало за внатрешните политички прашања на двете земји, за состојбите во регионот, како и за прашањата од надворешно политички интерес за Македонија и Турција.
Во однос на стратешките цели и приоритети, претседателот Иванов истакна дека Македонија ја цени долгогодишната и приципиелна поддршка од Турција за интеграцијата на земјава во ЕУ и во НАТО, и укажа дека деблокадата на интегративните процеси ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион.
Чавушоглу истакна дека Турција и понатаму ќе биде доследна на поддршката на европските и евроатлантските интеграции на Македонија.
Во контекст на пошироките предизвици со кои се соочува регионот и Европа, македонскиот претседател и потпретстедателот Чавушоглу се согласија за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Македонија и Турција. Во таа насока, претседателот Иванов посочи на потребата од размена на информации меѓу полициските служби и службите за разузнавање, преземање на заеднички акции, како и изнаоѓање на ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење на насилен екстремизам и тероризам.
Двајцата соговорници ја поздравија економската соработка, со очекување за нејзино натамошно интензивирање. Претседателот Иванов изрази благодарност до турските институции, пред се до ТИКА, за голем број реализирани проекти во Македонија од хуманитарен карактер и за нивната континуирана поддршка преку донации.
На средбата беа разменети и мислења околу можностите за продлабочување на соработката во сферата на туризмот и образованието, при што беше поздравено финализирањето на правните процедури за целосно спроведување на Спогодбата за активностите на културните центри во двете земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица