Средба Коѕиас - Нимиц во Луксембруг

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера во Луксембург имал куса средба со медијаторот Метју Нимиц, соопшти грчкото МНР.
Коѕиас го информирал Нимиц за размислувањата на грчката Влада и за напредокот што е постигнат во областа на мерките за градење доверба.
Според грчкото МНР, Нимиц го информирал Коѕиас за неговите активности и разговорите што тој ги има во контекст на неговиот мандат.
Посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија Метју Нимиц, неодамна во интервју за телевизијата СКАИ, рече дека очекува по изборите во јуни повторно да се создадат услови за решавање на прашањето за името.
- Кога ќе биде формирана нова влада, верувам дека Атина и Скопје ќе се сретнат со мене и ќе вложиме сериозен напор за решавање на овој проблем, вели Нимиц.
Тој истакна дека миграциската криза го прави уште позначаен моментот за решавање на проблемот, дополнувајќи дека доколку тој беше решен досега двете земји ќе беа партнери во ЕУ и НАТО, а бегалскиот проблем ќе беше надминат поефикасно.
Нимиц искажа и разочараност што имало „празнина“ во решавањето на овој проблем, како и за, како што наведе, повремените груби изјави од двете страни. Сепак, според медијаторот, во последно време тоа е надминато, контактите меѓу претставниците од двете страни се обновени и пронајден е вистинскиот тон за да биде рестартиран преговарачкиот процес.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
