Средба Ковачевски – Чапутова: Потврдена словачката поддршка на Северна Македонија
-Потенцирана е отворената поддршка на Словачка на европските перспективи на Западен Балкан и во таа насока изразена е силна поддршка од Република Словачка за процесот на преговори и за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, се вели во соопштението
Премиерот Ковачевски се заблагодарил за значајното пријателство со Словачка и придонесот во остварувањето на стратешките евроатлански цели, во реформските процеси, како и во важни моменти за граѓаните, како што е помошта во здравството за време на пандемијата.
-Тој рече дека Владата, како и владите на државите во Европа и во светот, е посветена на справувањето со последиците од војната во Украина, при што Северна Македонија се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ. Исто така, државата ги развива добрососедските односи и институциите се определени на ефикасна динамика во реализацијата на скрининг процесот, што е план и за преговарачкиот процес, а со што е реална и остварлива целта за членството во Европската Унија до 2030 година, се вели во соопштението од Владата.
Во разговорот била нагласена важноста од фокус на сите политички субјекти кон државните интереси.
-Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби ја истакнаа и важноста на поддршката од Вишеградската група и споделените искуства во процесот на интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, којашто е оценета како значајна и во процесот за ЕУ, додаваат од Владата.
На средбата била изразена заедничка подготвеност земјите да ги унапредат билатералните односи во областа на економијата и како партнери во НАТО, во справувањето со сите актуелни предизвици.
За време на состанокот, како што информираат посебно внимание било посветено на состојбите во енергетиката на светско ниво, што се рефлектираат врз државите, при што биле разгледани нови можности за енергетско поврзување, а заеднички била оценета потребата за тесна соработка на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во потенцијалните решенија.
Ново на Сител
-
СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто
-
Променливо облачно, на некои места дожд, на планините снег
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура