Средба меѓу Груби и Гир за процесот на интеграциите на земјава во ЕУ
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари средба евроамбасадорот, Дејвид Гир. На оваа средба се разговараше за процесот на интеграција на земјата во ЕУ по отворањето на преговорите за членство, како и за итната потреба од иницирање на уставни измени и нивно успешно завршување како единствен начин за одржување на втората меѓувладина конференција, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби.
Оттаму велат дека Груби го информирал амбасадорот Гир дека коалициските партнери веќе ги започнале подготовките за уставни измени и се решени да создадат Алијанса за Европа со сите прогресивни сили во земјава.
Според соопштението, на средбата се разменети мислења и за предизвиците со кои ќе се соочува земјата во процесот на интеграција во ЕУ, особено реформите и владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал како и за очекувањата, но и за конкретните придобивки кои ќе ги имаат граѓаните со полноправно членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци