Средба на Мицкоски со еврокомесарот Хан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, на која било разговарано за политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Мицкоски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес.
Потенцирал дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа истиот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, односно надвор од познатите принципи и начела на партијата. Тој го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле повторени критиките за владата на СДСМ и Зоран Заев, чие работење го одбележуваат секојдневни криминални афери.
Соговорниците, се вели во соопштението, изразиле согласност, дека евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
