Средба на министерот Агим Нухиу со делегација од германскиот Бундестаг
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со претставници на Комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување од германскиот Бундестаг, придружувани од Кристине Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.
На средбата, како што соопшти МВР, двете страни ја потенцирале успешната и плодна соработка помеѓу двете земји.
- Според министерот Нухиу, долгогодишната соработка е полна со доверба и се протега на многу области. Министерот Нухиу, воедно, изрази и благодарност за поддршката која ја добиваме од СР Германија, како од аспект на материјално-техничка опрема, така и од аспект на организирање разни обуки и усовршување во различни области од полициското работење. Претставниците на Бундестагот истакнаа дека соработката и партнерството со Република Македонија ќе бидат продлабочени и интензивирани и во иднина, со цел евро-атлантска интеграција на земјата, се вели во соопштението.
Министерот за внатрешни работи на средбата се осврнал и на актуелната ситуација во Република Македонија, при што истакнал дека МВР има капацитети и е максимално посветена во одржување на јавниот ред и мир и безбедноста и сигурноста на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен