Средба на министерот Димитров со генералниот директор за европска соработка во холандското МНР

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во работна средба го прими Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерот Димитров ја презентираше реформската агенда на Владата на Република Македонија, насочена кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на земјата и нејзините граѓани.
- Во таа смисла, искажа благодарност за особено значајната холандска помош во спроведување на реформските процеси, неопходни за интегрирање во ЕУ и НАТО. Димитров изрази и задоволство од континуираниот и конструктивен политички дијалог меѓу двете министерства за надворешни работи, со очекување дека ваквиот тренд ќе продолжи, паралелно со дополнително збогатување на соработката во останатите области од заемен интерес, информира МНР.
Високиот холандски гостин, наведува министерството во соопштението, ги поздрави досегашните реформски активности на Владата на Република Македонија, оценувајќи ги како силно охрабрувачки и потврдувајќи дека холандската поддршка на тој план ќе продолжи засилено да се манифестира во иднина.
- Холандија беше и ќе биде голем пријател на Македонија, истакнал генералниот директор ван дер Плас.
Ново на Сител
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
-

Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади
-

Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени
