Средба на министерот Попоски со германскиот пратеник Торстен Фрај

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ/ЦСУ и главен известувач на пратеничката група на оваа партија за Македонија.
- Прашања поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, европските перспективи на нашата земја, претстојните избори, како и регионалната соработка беа главни теми на средбата. Главен фокус беше ставен на економските политики, со акцент на успехот во привлекувањето странски инвестиции. Исто така, беше нагласена особено важната улога на Германија и нејзината поддршка во спроведувањето на потребните реформи за реализација на македонските стратешки приоритети, соопшти Министерството за надворешни работи.
Покрај тоа, наведува МНР, соговорниците разговарале и за мигрантската криза, при што од германска страна Македонија била оценета како одговорен европски партнер во нејзиното менаџирање.
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
