Средба на министерот Спасовски со Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар на САД.
Политичката криза во Република Македонија и проблемот со мигрантите, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар на САД.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски се заблагодарил и за поддршката што Република Македонија ја добива од САД во решавањето на овие проблеми.
- Министерот Спасовски ја потенцираше и злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве и може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори. Сите субјекти треба да се воздржат од креирање вештачки сценарија со кои се добиваат евтини политички поени на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните, истакна министерот Спасовски.
Двајцата соговорници, стои во соопштението, се согласија дека политичката криза во Република Македонија може да се реши само со фер, демократски и кредибилни избори, а сите политички фактори треба да ја поддржат работата на институциите.
Се разговарало и за миграциската криза, активностите и операциите кои се преземаат за справување со неа.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО