Средба на министерот Спасовски со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Пломп.
На средбата, соопшти денеска МВР, стана збор за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со мигрантската криза, при што министерот Спасовски го информираше амбасадорот на Холандија дека сега состојбата на границата со Грција е стабилна.
Амбасадорот Пломп ја истакнал поддршката што Кралството Холандија ѝ ја дава на Република Македонија.
- Амбасадорот Пломп упати честитки до полицијата на Република Македонија за начинот на кој реагираше при справување со настаните во општина Бутел и протестот и контра- протестот пред Уставниот суд, како и за начинот на справување со мигрантската криза, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
