Македонија
22. February 2019 - 15:42

Средба на министерот за животна средина Дураки со евроамбасадорот Жбогар

Министерот за животна средина Садула Дураки, денеска се сретна со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

На средбата, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговараше за унапредување на соработката што МЖСПП ја има со Делегацијата на Европската Унија во областа на животната средина во време на откочување на ЕУ преговорите и особено во претстоечкиот скрининг на напредокот на Република Северна Македонија во Поглавјето 27 што се однесува на животната средина.

Имено, беа разменети и информациии за досегашната реализација на проектите подржани преку ИПА програмите, како и подготвеноста соработката во претстојниот период да се интензивира, стои во соопштението.