Средба на Могерини со Вучиќ и Тачи

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе има неформална средба со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Како што јави Танјуг, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, предвидено е на средбата да бидат разменети мислења за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, како и за случувањата во регионот на западен Балкан.
Со ваквата средба, дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува на претседателски ниво, откако последниот состанок меѓу претставници на двете страни се одржа на техничко ниво на почетокот на февруари. Дијалогот изминативе месеци беше замрзнат, поради претседателските избори во Србија и вонредните парламентрани избори во Косово.
Минатата недела за време на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Дубровник, Могерини најави дека тема на денешната средба ќе биде продолжување на дијалогот, но и имплементацијата на досегашните договори.
- Во изминативе две и пол години, во кои тесно соработувам со лидерите на девет страни, кај ни видов јасна определба и посветеност (на дијалогот), како и огромни чекори напред. Тие знаат дека иднината на нивните земји и интеграцијата во ЕУ се поврзани со напредокот во дијалогот и пред се со имплементација на договреното, порача Могерини.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Марко Ѓуриќ изјави дека очекува средбата на Вучиќ и Тачи во Брисел да доведе до „релаксирање на тензиите“, како и до спорведување на договореното.
Ново на Сител
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
