Македонија
11. February 2025 - 8:48

Средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет

Продлабочувањето на економската соработка била во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на Австралија.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во таа насока, тој вчера остварил средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговарало за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Владата на Република Северна Македонија се силно посветени на привлекувањето нови странски инвестиции. Стабилната бизнис-клима и силната поддршка за странските и домашните компании ја прават нашата држава атрактивна дестинација за инвестирање, не само во регионот, туку и во Европа, истакнал министерот Муцунски.

Притоа, тој нагласил дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите во понатамошниот развој на билатералната соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на МНРиНТ.