Средба на премиерот Заев со американскиот претседател Трамп

Премиерот Зоран Заев денеска во Њујорк имал кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, на настан организиран од претседателот на САД Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН.
Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата со претседателот Трамп изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН и посакал успешен старт на реформите на организацијата на ОН.
Во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, премиерот Заев е придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров и за дијаспора Едмонд Адеми. Тој ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН, а ќе се обрати и на неколку панели.
Премиерот Заев, како што е најавено, денеска ќе има средба во „Google Jigsaw“, a со делегацијата од Владата ќе има и неколку средби со дијаспората.
Ново на Сител
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
