Средба на претседателот на СДСМ Заев со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, при што, соопштува СДСМ, е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.
- Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија, рекол Заев, се вели во соопштението.
Според Заев, постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани, програма на нова реформска влада на унитарна Македонија и никој нема право да ги запре демократските промени.
Нагласена е, се вели во соопштението, потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговарало за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси, при што Заев потенцирал дека нема да дозволат последици на штета на граѓаните и на државата за интереси на поединци.
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
