-->
-->
Средба на претседателот Пендаровски со шведската амбасадорка Бенгстон
-->
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО.
Во таа прилика, претседателот Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите државни позиции се во поддршка на политиката на отворени врати на НАТО.
Соговорниците разменија информации во однос на динамиката на процесот на пристапување во Алијансата, при што претседателот Пендаровски истакна дека со полноправното членство на Шведска во НАТО, одличните билатерални односи ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво во Алијансата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
