Средба на Спасовски со директорката на Царинската управа Славица Кутиров
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска остварија работна средба со директорката на Царинската управа Славица Кутиров, на која било разговарано за функционирањето на интероперабилноста, односно размената на информации и податоци помеѓу двете институции кое е од суштинско значење, особено на граничните премини.
На состанокот, информираат од МВР, била потенцирана потребата за измени кои треба да се направат во Законот за Царинска управа, со цел ефикасно работење на новиот Сектор за посебни истражни мерки, при што побараа поддршка од МВР при имплементација на новините и воопшто во целокупното работење на овој сектор што ќе биде тесно поврзан со работењето на МВР.
Спасовски, побарал од Царинската управа да се зголеми бројот на царински службеници на граничните премини особено кога има поголема фреквенција, како и интензивирање на соработката меѓу полициските и царинските службеници за подобра координација и споделување на информации, а со тоа и уште поуспешно сузбивање на корупцијата и криминалот преку заеднички акции. Спасовски ја потенцирал и потребата за обнова и реновирање на граничните премини и на царинските гранични објекти, со цел создавање подобри услови за работа, а со тоа и осовременување на македонските гранични премини, а меѓудругото се разговарало и за зајакнување на фукнционирањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце.
Од МВР, информираат дека на средбата Спасовски истакнал дека и во наредниот период е потребно да се интензивира инвестирањето во материјално–техничките услови, бидејќи само со мотивирани службеници може уште повеќе да се подобри фукнционирањето на Граничните премини и борбата со криминалот и корупцијата.
На средбата, се вели во соопштението од МВР, било разговарано и за условите при увоз на возила од странство, каде законската повластица за 50 проценти царински давачки е завршена на 21.06.2021, а секое возило кое претходно е увезено и за кое е платена царина, доколку не е регистрирано во тој рок треба да се поднесе барање за доплата на царинските давачки за да може да се регистрира возилото.
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието Гаши го прими новоименуваниот француски амбасадор, Ле Риголер
-
Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење
-
Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром
-
Специјалните сили на Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција
-
30 годишник проголтал хероин додека полиција вршела претрес во неговиот дом во Кавадарци
-
Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска
-
Николовски - Станков: Унапредување на соработката на Царинска управа и Државниот завод за статистика
-
Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади