Средба на Спасовски со еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон

На маргините на Берлинскиот процес, со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон разговаравме за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Спасовски напиша дека со особено задоволство ја информирал Јохансон дека Владата на Република Северна Македонија го прифати усогласениот текст на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС).

– Воедно, ја информирав еврокомесарката Јохансон дека договорот којшто го парафирав во 2018 година, конечно ќе биде потпишан на македонски јазик, без додавки, објави Спасовски.
Тој упатил благодарност до еврокомесарката Јохансон за континуираната поддршка на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.
– Остануваме посветени на спроведување на Планот за борба против корупцијата, како и на усогласување на македонското со европското законодавство, особено за поглавјата 23 и 24, коишто се во надлежност на МВР, напиша на фејсбук министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
