Бизнис
27. May 2016 - 10:06

Средба на Трипуновски со директорот на грчката компанија „Секе С.А.“

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски денеска ќе се сретне со генералниот директор на грчката компанија за преработка на тутун „Секе С.А.“ Александрос Контос.

По состанокот во просториите на компанијата во Прилеп,  Трипуновски  и Контос ќе се упатат кон индустриската зона Опаленик во општина Крушево каде што се наоѓа површината на која ќе се гради објектот на „Секе С.А.“.

„Секе С.А.“ за реколтата 2016 има договорена површина за производство на тутун од 526.78 хектари и количина од 957.966 килограми со 1.549 тутунопроизводители.