Средба на Заев со специјалниот пратеник на канадскиот премиер, Дион: Има напредок во клучни области
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада за Европската Унија и Европа.
На средбата, како што соопшти владината Прес-служба, е пренесена поддршка од канадскиот премиер Џастин Трудо на прогресивните политики на премиерот Заев, коишто, како што е оценето бележат напредок во клучни области, како што се заложбите за владеењето на правото, економијата и одржлив развој на земјата.
Изразена е поддршка од Канада, како еден од најдобрите партнери на ЕУ, на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, откако Канада даде поддршка за членството на нашата земја во НАТО, преку веќе ратификуваниот Протокол за членство во НАТО.
На средбата е констатирано и дека е важно да продолжат процесите на европските интеграции за државите од Балканот, кои работат на имплементацијата на европските вредности, како придонес во стабилноста и развојот на балканскиот регион, а и на самата ЕУ, но и во име на почитувањето на принципот на вреднување на сработеното и заслугите.
– Низ консензус ги изгласавме клучните реформи во правосудството, безбедносните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата. Денес и низ конкретен пример ја покажуваме нашата цврста определба за справување со корупцијата и примената на законите еднакво за сите. Очекуваме и за важниот Закон за јавно обвинителство до крајот на август да биде изнајдено заедничко решение. НАТО интеграциите веќе се одразуваат на растот на економијата. Нашите очекувања се дека во октомври ЕУ ќе го овозможи нашиот следен чекор во интеграциите со што државата ќе ја добие значајната мотивација да продолжи напред по вистинскиот пат, рекол премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев изрази благодарност до канадскиот премиер Трудо и до специјалниот пратеник Дион за поддршката од Канада во евроатланските процеси и за принципиелната поддршка од Отава во сите досегашни демократски процеси.
На средбата било разговарано за развој на економската соработка и за можноста за нови канадски инвестиции во државава. Во таа насока се разговарало и за зајакнување и подобрување на правната рамка што го овозможува тоа.
Заеднички било констатирано дека Република Северна Македонија и Канада се пријателски земји, кои споделуваат исти демократски и развојни вредности и дека тој потенцијал е база за проширување на соработката меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион