Македонија
24. јуни 2019 - 19:10

Средба Османи-Сијарто - Унгарија утре ќе го ратификува протоколот за НАТО

Одложувањето на одлуката за почекот на преговори е голема загуба за Европската унија смета Министерот за надворешни на Унгарија, Петер Сијарто.. Тој по средбата со Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смешен е изговорот оти немало доволно време да се одлучи за отворање на пристапни преговори, бидејќи Македонија е земја кандидат 14 години, период кој е доволен за одлука..

Поддршка за почеток на преговори со ЕУ денеска пристигна и од Вишеградската група сочинета од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.. Амбасадорите на овие земји сметаат дека Македонија во следниот период треба да продолжи со реформска работа со акцент на владеење на правото..

Вицепремиерот Османи смета дека земјава го имала досега најдобриот извештај за постигнат напредок па очекува дека во октомври Советот на Европската комисија ќе има позитивна одлука..

Министерот за надворешни Никола Димитров, пак денеска од Стокхолм повторно предупреди дека ако во октомври има ново одложување, тоа ќе значи дека за земјата не постои европска перспектива..

Според Димитров, шансите за успех во октомври се заеднички и порача дека ниту земјава ниту ЕУ не треба да дозволат да пропадне приликата која консолидира успех..