Средба Попоски-Сијарто
Македонско-унгарските билатерални односи, европската и евроатлантската интеграција на Македонија и актуелниот проблем сo мигрантската криза, беа тема на денешната средба во Будимпешта на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.
- Македонија исклучително ја цени поддршката што Унгарија и ја дава во делот на евроинтегративниот процес и членството во НАТО, истакнал министерот Попоски.
Во контекст на мигрантската криза, како што соопшти МНР, се разговарало за билатералната помош што Македонија ја добива од Унгарија во насока за справување со предизвикот.
Министерот Попоски истакнал дека е потребен заеднички пристап од сите европски партнери, без да биде на штета на која било земја членка на ЕУ, со цел да се избегне ситуација притисокот од мигрантската криза да се пренесе врз земји кои не се членки во ЕУ, но се наоѓаат на мигрантската рута.
- Република Македонија денес почитува и имплементира одлуки на Советот на ЕУ, а не е земја членка ниту се отпочнати преговори. Македонски интерес е да продолжиме со спроведување на оние одлуки кои се договорени на ниво на ЕУ и се во согласност со принципите за кои се залагаме, посочил Попоски.
На средбата е договорено во наредниот период да се посвети повеќе внимание на зајакнување на економско-трговската соработка. Поздравена е и најавената поддршка на Владата на Унгарија за воспоставување директна авиолинија помеѓу Скопје и Будимпешта, соопшти македонското МНР.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори